Денес, 13 години по основањето, горди сме што станавме најголем дистрибутер на стока за широка потрошувачка на територијата на Република Македонија.
Уште од 1990, ние увезуваме и дистрибуираме најразлични високо-квалитетни производи од целиот свет, користејќи го нашето познавање на секојдневните потреби на локалните потрошувачи.
Во согласност со нашата долгорочна стратегија минатата година успешно започнавме со сопствено производство на чоколаден крем.
Во наредниот период, нашите инвестиции ќе бидат фокусирани на проширување на нови производни линии како и натамошен развој на нашата дистрибутивна мрежа.